Creative Europe Culture MK

Креативна Европа со серија настани во Охрид

По одржаните инфо сесии во Куманово, Битола, Тетово и Струмица, Канцелариите на Креативна Европа (потпрограми Култура и МЕДИА), во текот на оваа недела ќе реализираат серија настани во Охрид.

Имено на 20 јули 2018 во Општинска сала во Охрид, со почеток во 11.00 часот ќе се одржи „Инфо сесија за Креативна Европа - Потпрограма Култура, Категорија: Проекти за соработка“.

Следниот ден на 21 јули е резрвиран за индивидуални консултации за Креативна Европа Култура, кои ќе се одржат на Филмската Академија во Охрид, со почеток во 12.00 часот. Сите заинтересирани за консултации може да се пријават на маиловите Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. и Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Канцеларијата на Креативна Европа МЕДИА, своите активности во Охрид ќе ги реализира во соработка со првото издание на Beach Film Festival. 

На 20 јули 2018, на Филмска Aкадемија во Охрид, со почеток од 13.00 часот ќе се одржи конференцијата на тема: „Важностa на регионалната соработка и копродукции во контекст на земји со низок продукциски капацитет и примери на успешни МЕДИА проекти од регионот“. На настанот ќе учествуваат претставници на Канцелариите на Креативна Европа МЕДИА на Хрватска, Словенија, Србија и Црна Гора.

На 21 јули 2018, на Филмска Aкадемија во Охрид, со почеток од 12.00 часот, претставниците на македонскиот аудиовизуелен сектор ќе имаат можност за индивидуални консултации, со претставниците на Канцелариите на Креативна Европа МЕДИА на Хрватска, Словенија, Србија и Црна Гора. Закажување на mail: vladimir.Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Македонија се приклучи кон потпрограмата МЕДИА на Креативна Европа во Јули 2015 година, при што проектите на македонските апликанти до сега се поддржани со вкупна сума од 463.000 евра. По повод одбележување на три годишнината од учеството во оваа програма, Канцеларијата на Креативна Европа МЕДИА, на затворањето на Beach Film Festival организира МЕДИА забава со Фолтин и DJ Rootboy.