Creative Europe Culture MK

Апликациите се доставуваат директно до Извршната агенција за образование, аудиовизуелна дејност и култура (EACEA) во Брисел.

Онлајн апликации

Кандидатите мора да пополнат и да достават онлајн формулар за аплицирање (eForm). Е- формуларот може да се преземе доколку вашата организација е регистрирана на порталот на учесници на Европската комисија, односно има обезбедно Идентификациски код (PIC).

Постапката за регистрација можете да ја прочитате на следнава презентација:http://eacea.ec.europa.eu/sites/eacea-site/files/participant-portal-eform.pdf

Пред да поднесат електронска апликација, кандидатите (водачот на проектот и партнерите) мора да ги регистрираат своите организации на порталот за учесници и да добијат Идентификациски код (PIC).

https://ec.europa.eu/research/participants/portal/desktop/en/organisations/register.html

Е-формулари за онлајн апликации, како и е-водичот за аплицирање, може да се најдат на веб-страницата на EACEA под релевантната акција од финансирањето.

Потребно е да имате инсталирано Adobe Reader 9 (или понова верзија) на вашиот компјутер за да можете да го преземете и да го пополните формуларот за онлајн аплицирање.