Creative Europe Culture MK

Креативна Европа Канцеларија МК

Поддршка на културниот сектор за работа ширум Европа, за пристап до нова публика, за зачувување на културната и јазичната различност и за развој на знаења потребни во новата дигитална ера.

На 24 Август, со почеток во 12 часот, во Електронската сала на Општина Велес, ќе се одржи информативна сесија за Креативна Европа, потпрограми Култура и МЕДИА.

По одржаните инфо сесии во Куманово, Битола, Тетово и Струмица, Канцелариите на Креативна Европа (потпрограми Култура и МЕДИА), во текот на оваа недела ќе реализираат серија настани во Охрид.

Имено на 20 јули 2018 во Општинска сала во Охрид, со почеток во 11.00 часот ќе се одржи „Инфо сесија за Креативна Европа - Потпрограма Култура, Категорија: Проекти за соработка“.

Следниот ден на 21 јули е резрвиран за индивидуални консултации за Креативна Европа Култура, кои ќе се одржат на Филмската Академија во Охрид, со почеток во 12.00 часот. Сите заинтересирани за консултации може да се пријават на маиловите Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. и Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Канцеларијата на Креативна Европа МЕДИА, своите активности во Охрид ќе ги реализира во соработка со првото издание на Beach Film Festival. 

На 20 јули 2018, на Филмска Aкадемија во Охрид, со почеток од 13.00 часот ќе се одржи конференцијата на тема: „Важностa на регионалната соработка и копродукции во контекст на земји со низок продукциски капацитет и примери на успешни МЕДИА проекти од регионот“. На настанот ќе учествуваат претставници на Канцелариите на Креативна Европа МЕДИА на Хрватска, Словенија, Србија и Црна Гора.

На 21 јули 2018, на Филмска Aкадемија во Охрид, со почеток од 12.00 часот, претставниците на македонскиот аудиовизуелен сектор ќе имаат можност за индивидуални консултации, со претставниците на Канцелариите на Креативна Европа МЕДИА на Хрватска, Словенија, Србија и Црна Гора. Закажување на mail: vladimir.Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Македонија се приклучи кон потпрограмата МЕДИА на Креативна Европа во Јули 2015 година, при што проектите на македонските апликанти до сега се поддржани со вкупна сума од 463.000 евра. По повод одбележување на три годишнината од учеството во оваа програма, Канцеларијата на Креативна Европа МЕДИА, на затворањето на Beach Film Festival организира МЕДИА забава со Фолтин и DJ Rootboy.

Во текот на јули ќе се одржат инфо сесии за потпрограмите Култура и МЕДИА на Креативна Европа во Куманово, Битола, Тетово, Струмица и Охрид.

Распоред на настани:

  • 11 јули 2018, Занатски дом, Куманово - 11.00 часот
  • 12 јули 2018, НУ Завод и музеј Битола, Битола  – 12.00 часот
  • 13 јули 2018, Општинска сала Тетово – 13.30 часот
  • 16 јули 2018, Дом на АРМ, Струмица – 20.00 часот
  • 20 јули 2018 Општинска сала, Охрид – 11.00 часот „Инфо сесија за Креативна Европа - Потпрограма Култура, Категорија: Проекти за соработка“
  • 20 јули 2018, Филмска Aкадемија, Охрид – 13.00 часот „Важност на регионалната соработка и копродукции во контекст на земји со низок продукциски капацитет и примери на упешни МЕДИА проекти од регионот“ во соработка со Канцелариите на Креативна Европа МЕДИА на Хрватска, Словенија, Србија и Црна Гора. Настанот се организира во рамките на првото издание на Beach Film Festival.
  • 21 јули 2018, Филмска Aкадемија, Охрид - 12.00 часот „Индивидуални консултации за претставници на македонскиот аудиовизуелен сектор“ со Канцелариите на Креативна Европа МЕДИА на Хрватска, Словенија, Србија и Црна Гора. Закажување на mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Министерството за култура на Република Македонија, во соработка со Агенцијата за филм на РМ и Извршната агенција за образование, аудиовизуелна дејност и култура при Европската комисија (Сектор за култура), организира конференција на тема: „Креативна Европа на ЕУ – поттик за културна соработка“, која ќе се одржи на 13 ноември 2017 година со почеток во 10:00 часот во просториите на ЕУ Инфоцентарот во Скопје.  На конференцијата ќе учествуваат високи преставници на Владата на Република Македонија, на Извршната агенција при Европската комисија и  на Делегацијата на Европската Унија во Скопје.

Програмата „Креативна Европа“, како инструмент на Европската Унија наменет за реформи во културниот, креативниот и аудиовизуелниот сектор, со својата комплексност опфаќа повеќе аспекти на европската културна соработка која се спроведува во рамките на актуелните политики на Европската Унија, како што се надворешната политика, регионалната соработка, политиката за проширување, културната дипломатија и сл.

Во оваа насока, во рамките на конференцијата детално ќе бидат разгледани горенаведените теми со цел до македонските културни оператори да се приближи комплексниот контекст на програмата и нејзината улога во евроинтеграциските процеси.

На конференцијата ќе биде опфатен и практичен дел кој се однесува на досегашните резултати од спроведувањето на програмата на европско ниво, како и тековните повици за аплицирање за потпрограмите „Култура“ и „МЕДИА“. Во рамките на овој дел за првпат ќе учествува г. Карел Бартак, раководител на Секторот за култура при Извршната агенција во Брисел, кој директно ќе ги пренесе ставовите и критериумите на Извршната агенција до македонските оператори.

Ве молиме вашето присуство да го потврдите на следниве електронски адреси: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. и  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Почитувани,

Ве известуваме дека Делегацијата на Европската Унија во Скопје на 9.10.2017 година објави „Повик за проекти поврзани со Европската година на културно наследство 2018 година“, наменет за институциите од областа на културното наследство и организациите од останантите културни и креативни сектори. Целта на повикот е да се промовира културното наследство како инспирација за иновативност во современото уметничко творештво за да се зајакне соработката помеѓу секторот за културно наследство и другите културни и креативни сектори.

За поддршка на овие проекти, Делегацијата на ЕУ во Скопје алоцираше вкупно 30.000 евра за најмногу десет проекти.

Повеќе информации за повикот можете да најдете на следниот линк:
https://eeas.europa.eu/delegations/former-yugoslav- republic-macedonia/33569/call- proposals-projects- related-european-year- cultural-heritage- 2018_en

Почитувани,
Ве известуваме дека Европската Комисија го објави повикот за аплицирање за акцијата „Поддршка на европски проекти за соработка“ во рамки на програмата „Креативна Европа - Култура (2014-2020)“ за 2018 година.

Покрај регуларните категории на оваа акција: „Проекти за соработка од мал обем (Категорија 1)“ и „Проекти за соработка од голем обем (Категорија 2)“, објавена е посебна Категорија 3: „Проекти во врска со Европската година на културно наследство 2018“.
Крајниот рок за доставување на електронските апликации до Извршната агенција за образование, аудиовизуелна дејност при Европската комисија за Категоријата 3 е 22 ноември 2017 година (12:00 часот).

Eлектронските апликации за Категориите 1 и 2 треба да се достават до Извршната агенција за образование, аудиовизуелна дејност при Европската комисија најдоцна на 11 јануари 2018 година (12:00 часот).

Информации за повикот можете да најдете на следнава веб-страна: https://eacea.ec.europa.eu/creative-europe/funding/support- european-cooperation- projects-2018_en

Дополнителни информации за повикот, постапката за аплицирање и подготовката на вашите проекти може да добиете во:

Сектор за европски интеграции и креативни индсутрии
Одделение за Креативна Европа на ЕУ - Култура
Контакт лице: м-р Билјана Прентоска
(Т: 3 207 446/443; Е: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.; Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.)